Top Sport

Ориги: Лигата на шампиони беше само почеток на овој Ливерпул

Фантастичната сезона 2018/19 нема да ги задоволи навивачите на Ливерпул, вели белгискиот напаѓач Дивок Ориги и тој вели дека новата сезона треба да биде уште подобра откако го продолжи договорот со клубот од „Енфилд“.

Ориги беше на клупата во првиот дел од сезоната на Ливерпул, но во финишот покажа колку е клучен за Јирген Клоп, откако по победничките голови против Евертон и Њукасл јунајтед, тој двапати стрелаше против Барселона во епското полуфинале од ЛШ и потоа и во финалето против Тотенхем. Добрата форма ја потврди и на стартот на новата сезона, постигнувајќи уште еден гол при 4:1 победата над Норич во првото коло од ПЛ.

„Договорот беше логичен и добра одлука за мене. Клубот постојано веруваше во мене и беше лесно да се одлучам. Тука ме ценат и можам да направам чекор напред во кариерата. Се работи за млад, талентиран тим и за мене Мадрид беше само почеток. Гладни сме за победи, титули и веднаш се забележи тоа кога се вративме на тренинзи во јули. Убаво е да се види почитта на навивачите и прекрасно е што имаат простор за мене во нивните срца. Да се биде дел од историскиот клуб Ливерпул е гордост. Кога ќе ја завршам кариерата ќе уживам во тоа што сум го остварил. Но, сега, ова е само почеток за нас“, вели Ориги.

Scroll to Top