Top Sport

Ориги пристигна на медицински тестови кај Милан

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дивок Ориги пристигна на аеродромот „Малпенса“ покрај Милано, каде што утре ќе оди на медицински прегледи пред слободниот трансфер во италијанскиот шампион Милан.

27-годишниот Белгиец беше пречекан од новинарите и навивачите на аеродромот, откако се договори за личните услови со Милан пред неколку месеци, со кои ќе заработува околу 4 милиони евра по сезона.

Ориги имаше 6 гола и 4 асистенции во само 18 меча за Ливерпул оваа сезона, по што реши да си замине како слободен играч поради малата минутажа. Во вкупно 175 меча за Ливерпул, тој имаше 41 гол и 18 асистенции.

Scroll to Top