Top Sport

Осака со пресврт го победи ПСЖ

Фудбалерите на Серезо Осака, како домаќини, во контролен натпревар славеа победа во дуелот со ПСЖ 3:2.

Францускиот шампион поведе со Екитике по додавањето на Заир Емери во 17. минута, а Жорди Кру израмни пет минути подоцна по недоразбирањето меѓу дефанзивците на ПСЖ, Данило и Шркиниар.

Во четвртата минута од продолжението беше 2:1 за ПСЖ, стрелецот на првиот гол на Екитике сега беше асистент, кој со петтата му ја додаде топката на Витињо.

Во 67. Ватанабе му ја одзеде топката на Лукас Ернандез и му асистираше на Китано за уште едно израмнување. Решавачкиот момент беше забележан во 79. минута кога Араи најверојатно со прекршок му ја одзеде топката на Ндуру, а искусниот Шинџи Кагава го постигна победничкиот гол.

Scroll to Top