Top Sport

Осасуна ја врати Селта во борбата за опстанок (Видео)

Осасуна ја совлада Селта со 2:1 во првиот меч од 36 коло во Примера. Голот за победа на Осасуна го постигна Хосе Арнаиз во 91 минута.

На стадионот во Памплона Осасуна и Селта одиграа одличен натпревар, кој домаќинот го доби со пресврт откако екипата од Виго го постигна првиот гол преку Санти Мина во 10 минута.

Домќините одговорија во 23 минута кога асистенцијата на Первис Еступињан во гол ја претвори Гаљего Енрик.

До 90 минута двата тима имаа свои шанси меѓутоа мрежите мируваа се до голот на Арнаиз со кој Осасуна по седум години пауза успеа да ја победи Селта.

Соовој пораз Селта ќе трепери за опстанокот во Примера. Тимот од Виго остана на 16 место со 36 бода, четири повеќе од Мајорка која се наоѓа во опасната зона.

Scroll to Top