Top Sport

Осиек го „урна“ Динамо и стана лидер во Хрватска

Осиек на совршен начин го прослави својот 75. роденден, откако на „Градски врт“ со 1:0 го совлада Динамо и се искачи на првото место на табелата во хрватската лига.

Единствениот гол за тимот на Ненад Бјелица (поранешен стратег токму на „модрите“), беше Антонио Манце, кој како замена влезе во 73. минута, а само четири минути подоцна го совлада Ливаковиќ за победа.

Осиек сега се лидеро во ХНЛ со 52 поени, два повеќе од Динамо, а во интересната трка за титулата се и Риека со 49 поени и Хајдук со 47. Хајдук и Динамо имаат натпревар помалку, големото дерби од првиот дел од сезоната.

Scroll to Top