Неуспешната сезона, во која не успеаја да изборат пласман во Лигата на шампионите, финансиски ќе го почувствуваат фудбалерите на Манчестер Јунајтед, бидејќи платите ќе им бидат намалени за 25 отсто.
Манчестер Јунајтед, во неделата, кај Хадерсфилд одиграа само 1:1 и останаа без теоретски шанси да стигнат до четвртото место во Премиер лигата.
Наредната сезона Јунајтед повторно ќе играат во Лига Европа, натпреварување во кое победија во 2017 година.
Под услов и наредната сезона да останат во Манчестер Јунајтед намалени плати за 25 отсто ќе имаат Пол Погба, Давид Де Хеа, Фред, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.
Неиграњето во Лигата на шампионите ќе се почувствува и во клупската каса. Јунајтед ќе останат без 70 милиони евра од телевизиските права, а клубот за 30 отсто ќе ги намали цените на дресовите бидејќи нема да игра во елитното натпреварување.