Top Sport

Осум играчи на Марсеј се во изолација

Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј објави дека осум фудбалери биле позтивни на коронавирусот. Во соопштението се наведува дека тие немале никакви симптоми и дека се наоѓаа во изолација.

Минатиот викенд во првото коло, во новата сезона, Марсеј требаше да гостува во Сент Етиен, меѓутоа натпреварот беше одложен. Во тој момент Марсеј пријави дека има петмина заразени со Ковид-19.

Во Лига 1 покрај во Марсеј заразени играчи со коронавирусот пријавиле Ним, Монпеље, Ленс, Ница, Анжер, Монако и Брест.

Scroll to Top