Напаѓачот на шкотскиот Фалкирк, Кевин О’Хара доби суспензија од осум меча поради навреда и потсмевање на играчот од средниот ред на Данфермлајн, Дин Шилдс за тоа што тој има само едно око.
19-годишниот О’Хара е казнет од Шкотската фудбалска асоцијација (ФА) по инцидентот кој се случил во Челенџ купот на 7 октомври. Неговиот клупски колега, 25-годишниот Џо Мекки е обвинет за истиот прекршок
Шилс, кој е фудбалер од Северна Ирска, во 2006 година имал операција за отстранување на десното око поради несреќа во детството. Шилс доби црвен картон за стартот над Мекки, кој интересно играл под водство на таткото на Шилс, Кени Шилс кој бил тренер на Мортон во 2014 година.
Судијата Стивен Меклин ја известил федерацијата за инцидентот откако бил информиран од играчите на Данфермлајн. Мечот заврши 1:1, и клубовите ќе имаат реванш на 23 декември.