Top Sport

Осуммина ќе го напуштат Ајакс

Летниот преоден рок ќе донесе вистински егзодус од Ајакс. Информациите од Холандија велат дека осум фудбалери биле подготвени да заминат од клубот. Кога тука ќе се стави мето на Хаким Зијеш кој веќе се договори со Челси, тоа значи дека со исклучок на Душан Тадиќ и Квинси Промес заминуваат сите од стартната постава.

Холанѓаните шпакулираат дека голманот Андре Онана, Дони ван де Бек, Давид Нерес и Николас Талјафико сигурно ќе си најдат нови клубови, додека голема е веројатноста клубот да го напуштат и Дејли Блинд, Нусаир Мазрауи, Џоел Велтман и Сержињо Дест.

Исто така од клубт ќе замине и тренерот Ерик тен Хаг, кој долго време се поврзува со трансфер во Баерн Минхен.

Scroll to Top