Top Sport

Отаменди во Милан?

Еден од спортските директори на Милан Звонимир Бобан со најпознатиот фудбалски менаџер во светот Жорж Мендеш го договорил првото засилување за клубот од „Сан Сиро“, во јануарскиот преоден рок.

Искусниот Аргентинец Николас Отаменди треба да биде првото засилување за Милан. Оваа сезона тој не е стандарден кај Пеп Гвардиола и покрај сите проблеми што ги има со повредените дефанзивци менаџерот на Манчестер сити.

Отаменди е играч на Манчестер сити од август 2015 година кога за сума од 44,5 милиони евра пристигна од Валенсија.

Милан сега ќе треба да се договорат со фудбалерот да прифати значително намалување на платата.

Scroll to Top