Top Sport

Откако доби 5 милиони евра Серхио Рамос се враќа на тренинзи

Серхио Рамос ќе ги започне тренинзите со Пари Сен-Жермен следната недела, во обид конечно да се стави крај на кошмарниот старт на неговата кариера во француската престолнина.

35-годишниот Рамос пристигна во ПСЖ како слободен играч од Реал Мадрид, но оваа недела поминаа шест месеци од неговиот последен професионален меч – поразот во полуфиналето на ЛШ на Реал Мадрид од Челси на 5 мај. Францускиот весник „Ле паризиен“ тврдеше дека ПСЖ размислуваат да му го раскинат договорот доколку продолжат проболемите со повредите и неговото отсуство, но од клубот го демантираа ова.

Француските медиуми исто така тврдат дека тој добива околу 300.000 евра неделно, што значи дека заработил 5 милиони евра без да игра во ниту еден натпревар.

Од ПСЖ велат дека тој ќе продолжи со тренинзи следната недела, што значи дека може да се врати во игра на мечот со Нант на 20 ноември, или против Манчестер сити во ЛШ четири дена подоцна.

Scroll to Top