Top Sport

„Откако станав познат девојки ми испраќаат „голи“ фотки

Жоао Феликс е младата надеж на португалскиот фудбал. 19-годишниот играч на Bенфика го споредуваат со Кристијано Роналдо, а во квалификациите ќе дебитира за националниот тим.

Медиумите шпекулираат дека европските гиганти, во летниот преоден рок, ќе водат голема борба за неговиот потпис. Се спомнуваат огромни суми на пари што може да ги заработи Бенфика. Наводно, доколку замине од Лисабон, тоа нема да биде за сума помала од 120 mилиони евра.

Жоао Феликс во интервју за португалските медиуми открил како се справува со славата.

„Во моментов не размислувам за иднината, во мислите ми е само Бенфика. Како можем да му помогнам на клубот да ја освоиме титулата. Секако дека сонувам да заиграм во некој голем европски клуб. Шпанија или Англија? Би сакал во Шпанија. Што се однесува до мојата цена, не се разбирам многу околу тоа. Јас само играм фудбал. Колку вредам? Па, два милиони евра“, рекол Жоао Феликс.

19-годишникот вели дека поголем проблем од славата во моментов му се девојките.

„Откако станав познат, бројни девојки преку „Инстраграм“ ми испраќаат „голи“ фотографии. Ги oдбивам таквите понуди“, дополнил Феликс.

Scroll to Top