Top Sport

Отказ му се заканува на Монтела, Гатузо можен наследник

Доколку Милан не успеа да ја совлада Џенова, тренерот Винченцо Монтела ќе се соочи со отказ, а како преодно решение на клупата италијанските медиуми го посочуваат некогашниот играч на овој тим, Џенаро Гатузо.

Еден од оние играчи кои оставија длабока трага во клубот, во моментов е тренер во младинските категории на Милан.

Весниците „Дневник“ и „Кориере дела Сера“ пишуваат дека иако промената на тренерската позиција е неопходна, истата би можела да сосздаде и проблеми кај играчите бидејќи ќе треба да се прилагодат на нов систем на работа.

Милан има три порази во низа од Сампдорија, Рома и Интер во Серија А, а во Лига Европа одигра само 0:0 со АЕК, а според истите извори директорите Масимилијано Мирабели и Марко Фасели наговестиле дека мечот со Џенова е клучен за иднината на Монтела во Милан.

Scroll to Top