По Винченцо Монтела, уште еден тренер во Серија А остана без работа. Станува збор за Кристијан Буки, кој доби отказ во Сасуоло.
Понеделнички во Италија паднаа две тренерски глави. Милан му врачи отказ на Монтела и на негово место го назначи Џенаро Гатузо, а во исто време Саусоло го отпушти Буки и соопшти дека нов тренер на тимот ќе биде Џузепе Јакини.
Буки во летниот преоден рок го замени Еузебио Д Франческо, кој се пресели во Рома, но екипата забележа само четири победи во сите натпреварувања, поради што раководството му врачи отказ.
Саусоло во моментов се наоѓа на 16. позиција на табелата во Серија А, со само 11 освоени бодови.
Новиот тренер Јакини во кариерата работел во Венеција, Чезена, Виченца, Пјаченца, Киево, Бреша, Сампдорија, Сиена, Палермо и Удинезе. 53-годишниот тренер со Сасуоло потпишал двегодишен договор.