Top Sport

Откажано Куп финалето во Грција, навивачите планирале да се „испоубијат“

Финалето на Купот во Грција меѓу АЕК и Олимпијакос е откажано поради страв од насилства.

Според информаците кои доаѓаат од Атина, полицијата пронашла скриени 18 молотови коктели и 12 дрвени палки, во паркот во непосредна близина на стадионот „Георгиос Камарас“ каде е предвидено одигрувањето на мечот.

ФС на Грција засега само го одложи финалето кое беше планирано за во недела. Каде, кога и дали воопшто овој меч ќе се одигра останува отворено прашање.

Наофицијално, како места каде би можело да се одигра мечот се споменуваат стадионот на АЕЛ во Лариса (350 километри северно од Атина) или Олимпискиот стадион во Волос, на 330 километри северно од главниот грчки град.

Scroll to Top