Смената на Маурицио Сари од тренерската позиција во Јувентус ќе биде голем финансиски удар за клубот. Италијанските медиуми пишуваат дека „Старата дама“ ќе остане без 20 милион евра поради предвремениот прекин на договорот со италијанскиот стратег.
Договорот на Сари со Јуве е до 2022 година, со годишна плата од 5.5 милиони евра. Тоа е нето сума која ја исплаќа клубот. Кога на тоа ќе се додадат даноците што клубот од Торино мора да ги подмири, сумата е повисока.
Проблемот за „црно-белите“ е што и понатаму на платниот список го имаат Масимилијано Алегри, тренерот на чие место дојде Сари. Платата на Алегри е повисока од онаа на Сари, 7.5 милиони евра годишно. Тој е врзан за Јуве уште една година.
Ако се се собере, Јуве во наредните 2 години ќе плати повеќе од 30 милиони евра за тренери кои веќе не се во клубот.
Плус ќе треба да се доведе нов кормилар кој најверојатно нема да има плата пониска од онаа на Сари.