По Домагој Вида, уште еден хрватски фудбалски репрезентативец е заразен со коронавирус. Се работи за играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ.
„Резултатите од тестирањето покажаа два позитивни теста на репрезентативецот Марсело Брозовиќ и на еден член на стручниот штаб. Двајцата веднаш се изолирани од другите членови на националниот тим“ соопштија од Фудбалскиот сојуз на Хрватска.
За резултатите веднаш биле известени шведски епидемиолози и клубот каде Брозовиќ настапува – милански Интер.
Претходно, на полувремето на пријателскиот меч меѓу Турција и Хрватска стигна веста дека е позитивен тестот на хрватскиот репрезентативец, Домагој Вида.
Денеска од 20.45 часот Хрватска и гостува на Шведска во рамки на Лигата на нации, а во вторник „коцкастите“ ги очекува дуел со Португалија.