Германскиот „Билд“ вели дека го откри „тајното оружје“ кое оваа година ги придвижува фудбалерите на Ливерпул – посебен минерален пијалок развиен од поранешниот светски шампион во пливање Марк Варнеке.
Ливерпул се на врвот на Премиер лигата со шест победи во шест натпревари, а оваа сезона веќе ги совладаа и Пари Сен-Жермен за успешно отварање на Лигата на шампионите, подгревајќи ги надежите дека „црвените“ можат до првиот домашен трофеј од 1990 година.
И човекот кој помага во овој поход е Марк Варнеке. Германецот Варнеке стана најстариот светски шампион во пливање од 1971 година кога победи на 50 метри градно на СП во пливање во Монтреал во 2005 на 35 години.
Според „Билд“ тој работи со шефот за исхрана на Ливерпул, Мона Немер, која дојде во клубот од Баерн Минхен и подготвува „таен пијалок“, кој пливачот го открил. Пијалокот на базаз на цитрон и портокал „значително ја забрзува регенерацијата по тренинзите“.