Top Sport

Откупната клаузула на Фати во Барса скокна од 170 на 400 милиони евра

Младиот шпански напаѓач, Ансу Фати (17) од денеска и официјално е член на првиот тим на Барселона.

Иако Фати речиси целата мината сезона тренираше и играше со првиот тим, сепак дел од сезоната ја помина во младинската екипа. Сега тој доби и свој број на дресот – 22, бројот што до неодамна беше на грбот на Артуро Видал кој кариерата ја продолжува во милански Интер.

Она што е интересно е фактот што откупната клаузула за младиот фудбалер скокна од 170 на 400 милиони евра.

Фати неодамна стана и најмладиот фудбалски репрезентативец на Шпанија, а за Барса дебитираше на 25 август минатата година.

На 33 меча за првиот тим, постигна 8 гола.

Scroll to Top