Од моментот кога Ерилнг Халанд потпиша договор со Борусија Дортмунд започнаа шпекулациите која ќе биде неговата следна дестинација. Норвежанецот во јануари оваа година пристигна во Дортмунд. Тој претходно ги одбил понудите на Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Јувентус…
Халанд со Борусија потпиша договор до јуни 2024 година, меѓутоа поради клаузулите во договорот јасно е дека тој порано ќе ги напушти „милионерите“.
Интересна е клаузулата за откуп на договорот која важи до 2022 година. Според неа Халанд може да замине доколку некој плати 75.000.000 евра.
И во услови на финансика криза, постојат клубови кои немаат проблем да ја платата оваа сума.