Top Sport

„Отпишаниот“ Скопје со полн плен против Шкупи

Иако многумина одамна го гледаат тимот на Скопје во Втората македонска лига, момците од Автокоманда не мислат така.

Скопје направи мала сензација победувајќи го Шкупи на гости со 0:2, за втора победа во последните три натпревари и за продолжување на низата на шест натпревари без пораз.

Дарио Десниќ ги донесе гостите во водство во 9. минута во Гостивар, пред Тогоанецот Кофи во 54. минута да ја обезбеди победата за Скопје. И покрај победата Скопје е на последното место со 20 поени, со два поени помалку од Пелистер и пет поени од „безбедната“ зона. Шкупи останува на 5. место со 29 поени.

Фото: ФК Шкупи

Scroll to Top