Top Sport

Отворен кампот на фудбалот во Мадрид, пристигна македонската делегација (Видео)

Отворен е кампот на фудбалот и пријателството во Мадрид, каде учествуваат деца и возрасни од 211 држави. Македонските учесници во проектот „Фудбал за пријателство“, младите амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски, фудбалери од подмладокот на ФК Вардар и Калина Василевска, која е млад новинар од Македонија присуствуваа на отворањето. Во кампот беше подигнато и официјалното знаме на „F4F“, по што фудбалерите беа распределени во нивните тимови, а следуваат низа тренинзи пред главниот настан.

„Фудбал за пријателство“ сега обединува повеќе од 6 милиони луѓе, од 211 држави во Европа, Азија, Африка, северна и јужна Америка, Австралија… Одлично е што учесниците во проектот од претходните сезони, продолжуваат да го поддржуваат проектот и да ги промовираат вредностите. Верувам дека оваа сезона на проектот ќе биде најдобрата. Ви посакувам на сите, младите и возрасните учесници, заедно да поминете одлично. Да запознаете нови пријатели и да бидете успешни на натпреварите“, рече главниот организатор на отворањето на кампот.

За учесниците најважно е другарувањето со децата што имаат учество во проектот, кој е под покровителство на компанијата „Газпром“. Главните вредности што ги промовираат учесниците во програмата се пријателство, еднаквост, правичност, здравје, мир, посветеност, победа, традиции и чест. Македонските учесници ќе присуствуваат и на натпреварот на финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем.

Од Мадрид за Топспорт, Кристијан Ландов

Scroll to Top