Првиот половина час од мечот на „Паркот на принцовите“ меѓу Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед дефинитивно не разочарува!
Откако Јунајтед поведоа преку Ромелу Лукаку уште во втората минута, а Хуан Бернат израмни по 12 минути игра, се очекуваше стабилизирање на играта и контрола на ПСЖ, но наместо тоа „ѓаволите“ повторно се на само гол од „спас“, откако повторно во главна улога беше Лукаку.
Користејќи ја трапавата и несигурна интервенција на Џанлуиџи Буфон по удар од далечина, Белгиецот го заби вториот гол вечерва за да најави неизвесна завршница.