Top Sport

Ова е сè што остана од „Висенте Калдерон“

Славниот стадион „Висенте Калдерон“, засекогаш во срцата на навивачите на Атлетико Мадрид, наскоро ќе остане само во сеќавањата, откако по последната фаза на рушење на стадионот останува само  дел од едната трибина.

Атлетико Мадрид изгради нов, супер-модерен стадион „Ванда метрополитано“, но навивачите не го забораваат стадионот каде што 53 години играше нивниот омилен стадион во квартот Арганзуела.

„Висенте Калдерон“ е отворен во 1966 година и го доби името по претседателот на клубот. Стадионот беше реновиран во 1972 и 1982 година, пред да биде целосно затворен во 2017 година. Атлетико на овој стадион освои шест од своите 10 титули на шпански шампион, како и седум трофеи од Копа дел реј.

Scroll to Top