Најмладиот тренер во Лигата на шампионите, предводникот на Лајпциг Јулијан Нагелсман, во пресрет на дуелот со Тотенхем рекол дека неизмерно го почитува колегата од спротивната страна Жозе Мурињо. Дуелот за новинарите е интересен и поради тоа што често Нагелсман го нарекуваат „малиот Мурињо“.
„Пред осум години го добив тој прекар. Тогашниот голман Тим Визе ме нарече „малиот Мурињо“, но тоа траеше две недели, потоа повторно бев Јулијан. Така што јас не сум „малиот Мурињо“. Сепак ова нема д абиде дуел на Мурињо и „малиот Мурињо“, ова е дуел на Тотенхем и Лајпциг“, рекол 32 годишниот тренер.
Нагелсман пред новинарите уште еднаш потенцирал дека исклучително го почитува тренерот на Тотенхем.
„Мислам дека ова му е 59 натпревар во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а мене ќе биде прв таков натпревар. Мора да постои почит кон него, а моето почитување кон него е големо. Освоил многу титули со различни клубови, два пати бил најдобар во Лигата на шампионите“, заклучил Нагелсман.
Првиот осмина-финален натпревар помеѓу Тотенхем и Лајпциг се игра вечерав од 21 часот. Реваншот ќе се одигра на 10 март.