Top Sport

Оваа сезона е прва и последна за Пјаниќ во Барселона

Миралем Пјаниќ, во летниот преоден рок, во Барселона пристигна како големо засилување. Седум месеци подоцна, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, не успева да мрдне од клупата се резерви, а игра само против послабите противници, кога тренерот Роналд Куман треба да одмори некои од стандардните ифрачи.

Шпанските медиуми тврдат дека оваа сезона ќе биде прва и последна за Пјаниќ во дресот на Барселона.

Клубот се наоѓа во сериозна финансиска криза, му се заканува банкрот, поради што во летниот преоден рок, ќе мора да си заминат неколку фудбалери, за да биде растоварен буџетот за плати.

Наводно на трансфер листата се наоѓаат шестмина, меѓу кои е и Пјаниќ. Покрај него, Барселона ќе се обиде да ги продаде Клеман Ленгле, Жуниор Фирпо, Мартин Брејтвајт, Самуел Умтити и Филипе Кутињо.

За Пјаниќ, наводно веќе постои интерес кај неколку клубови од Серија А.

Scroll to Top