Top Sport

Овермарс најде работа, се сели во Белгија

Марк Овермарс, предизвика секс-скандал во Ајакс, поради што доби отказ на местото спортски директор. Поранешниот фудбалер на Ајакс, Арсенал, Барселона…експресно најде нова работа. Тој е новиот спортски директор на Антверпен.

Еден од најбогатите луѓе во Белгија, Пол Гејсенс, пред пет години стана сопственик на Антверпен. Со новиот газда клубот константно напредува.

Од оваа сезона во Антверпен е Раџа Наинголан, а од минатата поранешните фудбалери на Астон Вила, Саманта и Енгелс.

Инаку, Овермерс, има систем и знае како да работи, од 2013 година до пред еден месец, Ајкас од трансфери заработи 350.000.000 евра.

Scroll to Top