Top Sport

Овие момци знаеја да го победат Ливерпул! Ферги на ручек со своите дечки

Сер Алекс Фергусон беше на ручек во ресторанот „Ајви“ во центарот на Манчестер во петокот попладне, носејќи ги со себе своите поранешни фудбалери, Рајан Гигс, Гери Невил, Пол Сколс и Ники Бат, членовите на славната генерација од 1992 година.

Оваа „дружба“ со своите поранешни фудбалери доаѓа пред неделното дерби на Манчестер јунајтед на гости кај Ливерпул, и по вестите дека лекарите му советувале на Ферги да не оди на мечот со Фулам минатиот викенд.

Шкотланѓанецот, кој имаше мозочен удар во мај, претходно беше на три меча на Јунајтед за само девет дена, вклучувајќи го гостувањето во Саутемптон на југот на Англија. Тој исто така беше присутен на „Олд Трафорд“ на мечот од Лигата на шампионите против Јанг бојс, како и при 2:2 ремито со Арсенал.

Scroll to Top