Top Sport

Овој човек го има најсилниот шут

Името на Хавиер Галан е запишано во Гинисовата книга на рекорди, овој фудбалер има најсилен шут.

„АС“ се потсетил на натпреварување во 2001 година организирано од една ТВ станица во кое учествувал и Роберто Карлос.

„Неговиот шут (Роберто Карлос“ одеше 121 км/ч, а Лима од Левенте забележа 122 км/ч. Јас се обидев и победив со 138 км/ч“, рекол Галан.

Подоцна Галан го соборил и Гинисовиот рекорд, но не успеал да го повтори шутот со кој го победил Роберто Карлос.

„Дистанцата беше како да изведувате класичен пенал. За Гинис можете да се обидете три пати. Одиш и шутираш. Мојот шт одеше со брзина од 129 км/ч“, рекол Галан чии рекорд се уште не е соборен.

Scroll to Top