Top Sport

Овојпат Роналдо доби статуа која личи на него

Кристијано Роналдо доби статуа која конечно наликува на него, откако претходната скулптура на Емануел Сантос предизвика потсмев со карикатуралната претстава на португалскиот ас.

Сантос креираше статуа која стои на аеродромот на матичниот остров на Роналдо, Мадеира, додека шпанскиот скулптор Хозе Антонио Наваро Артеага направи статуа по убедување на неговиот син, голем навивач на Реал Мадрид, кој барал да се направи „убава“ верзија на Роналдо.

Наваро Артеага не откри колку чини неговата статуа, но додава дека потрошил помалку од половина од 100-те илјади евра кои ги добил за изработка на статуа на шпанска војвотка во 2014 година.

„Искористив неколку фотографии од Роналдо. Сакав да ја искажам неговата внатрешна сила, како кога се подготвува да изведе слободен удар или корнер“, вели Наваро Артеага.

Кристијано не присуствуваше на откривањето на статуата, но на негово место беше легендата на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо.

Scroll to Top