Top Sport

Озил беше толку лош против Челси што обложувалници враќаат пари за него!

Фудбалерите на Арсенал доживеја ново големо разочарување, синоќа во Баку во финалето на ЛЕ беа демолирани со 4-1 од градскиот ривал Челси.

Еден од најслабите фудбалери на мечот беше „топчијата“ Месут Озил кој по мечот беше мета на голем број критики. Тренерот Емери го повлече од игра во 77 минута, а камерите го „фатија“ како негодува пради неговата замена.

Англиските медиуми беа остри против 30-годишниот играч од средниот ред, па угледниот „Мирор“ му даде оценка 3.
Но тука не завршија критиките за Озил. И обложувалниците удрија по него.

„Враќаме пари за сите облози во кои Озил требаше да биде стрелец на погодок затоа што ни се чини дека тој не ни стигна до Баку“ – велат обложувалниците од Островот.

Подолг период фудбалерот не игра ни приближно добро како некогаш. Сезонава за Арсенал одигра 35 меча и постигна само 6 гола со само 3 асистенции.

Тој моментно е најплатениот играч на „топчиите“ со годишна плата од 17.6 милиони евра.

Scroll to Top