Top Sport

Озил до Емери: Се колнам, ти не си тренер!

Месут Озил наводно му кажал на менаџерот на Арсенал, Унаи Емери: „Се колнам, ти не си тренер“ откако беше заменет при 4:1 поразот од Челси во финалето на Лига Европа.

Озил беше видно вознемирен кога беше заменет во 78. минута од мечот со младиот Џо Вилок, и според турските веб-сајтови, го искалил бесот на шпанскиот тренер Емери упатувајќи му ја оваа замерка на турски јазик.

Околу иднината на 30-годишниот играч од средниот ред има многу шпекулации, иако тој има договор со „топчиите“ до летото 2021 година. Озил не добиваше многу шанси да биде стартер за Арсенал под Емери, посебно во клучните натпревари, а поради неделната плата од 350.000 фунти, во северен Лондон не би недостасувал многу.

Озил постигна 6 гола во 35 настапи во сите натпреварувања за Арсенал, но имаше само 3 асистенции, иако тоа беше неговата специјалност.

Scroll to Top