Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил ја одби понудата на Фенербахче поради финансиите. Тој во редовите на Арсенал заработува по 350.000 фунти неделно.
Наводно, неговата сопруга, мисицата Амин Гулсе влијае на неговата одлука да го напушти лондонскиот клуб и да се преселат во Турција каде парот ужива голема популарност.
Поради корона-кризата, „топчиите“ предложија ревизија на неговиот договор што фудбалерот го одби. Најверојатно планира да преседи на клупа се додека не му заврши договорот, а потоа да си оди како слободен играч.
Сепак, денеска во Турција се појави веста дека Озил би можел да ги засили редовите на новиот шампион на земјата, Истанбул Башахшехир.
Ова не е невоможна мисија ако се знае дека фудбалерот е во пријателски односи со претседателот на Турција, Ердоган кој му беше и на свадбата, а за кој се шпекулира дека стои зад проектот – Бахахшехир.