Месут Озил и Илкај Гундоган по настапот за Германија на пријателскиот натпревар на „Вембли“ против Англија, се најдоа на донер во турскиот ресторан „Ликја“ во северен Лондон.
Двете ѕвезди од Премиер лигата беа стартери на натпреварот, и Озил, кој настапува за Арсенал и има добро познавање на англиската престолнина го прошета Гундоган, кој игра за Манчестер сити низ северен Лондон.
„Уживајќи во добрите услови во Лондон со мојот брат Илкај. Благодарам на тимот во ресторанот ’Ликја’ за добрата вечер“, напиша Озил на Инстаграм.
Двајцата играчи претходно имаа коментирано за својата силна поврзаност со Турција, а Гундоган во 2012 призна дека одлуката да настапува за Германија била најтешка во неговиот живот. Озил во 2013 година пак, изјави дека „секогаш ќе се чувствува Турчин“ и беше заинтересиран за можен трансфер во Турција кога ќе заврши кариерата во Арсенал. Во недела, двајцата повторно ќе бидат во Германија, за пријателскиот меч со Франција во Келн.