Top Sport

Озил има играно само 71 минута оваа сезона, но Емери ќе го „одмори“

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери инсистира дека на Месут Озил му е потребен одмор и покрај тоа што тој одигра 71 минута за „топчиите“ оваа сезона и затоа го остави поранешниот германски репрезентативец во Англија пред гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа.

30-годишниот Озил стартуваше при 2:2 ремито со Ватфорд, негов прв натпревар како стартер откако беше мета на криминална банда покрај својот клупски соиграч Сеад Колашинац. Тој се врати во форма, но Емери реши да не го повика на првиот меч во Германија по неговото повлекување од германската репрезентација.

Емери инсистира дека Озил и Сократис Папастопулос, човекот кој ги играше сите минути во првите пет меча од Лигата на шампионите ќе мора да одморат.

„Сега на распоред имаме многу мечеви и сакам да користам различни фудбалери, и некои ќе бидат ротирани во првите 11. Месут и Сократис ќе одморат и ќе бидат подготвени за мечот во недела“, изјави Емери.

Scroll to Top