Месут Озил добил бонус од 8 милиони фунти за лојалност од Арсенал во септември, иако нема играно за клубот оваа сезона и неговата иднина на „Емирати“ е неизвесна поради конфликтот со менаџерот Микел Артета.
Озил последен пат играше за „топчиите“ во март и останува најплатениот фудбалер од клубот иако е практично исклучен од плановите на Артета. Кога Артета го смени Унаи Емери минатата година, Озил стартуваше во сите мечеви во Премиер лигата, но по паузата поради корона вирусот, тој веќе не се најде во составот.
Озил претходно одби да му биде намалена платата за 12.5 отсто поради корона вирусот, и сега добива уште еден убав финансиски пакет. Германецот потпиша трииполгодишен договор во јануари 2018 година.