Месут Озил повторно е на насловните страници во Турција, откако поранешната ѕвезда на Арсенал и Реал Мадрид, јасно го покажа своето незадоволство што е на клупата со фрлање на својот дрес.
Фенер без него ги совладаа Касимпаша вчера со 2:1 за да останат на првото место на табелата со поен пред Трабзонспор, но тој беше очигледно лут на тренерот Витор Переира што се реши да не го внесе Германецот во игра. Озил претходно паузираше и на мечот против Олимпијакос во Лига Европа откако доби грип, но откако помина поголем дел од второто полувреме со загревање без да влезе во игра, Озил го фрли дресот кон португалскиот тренер.
Ситуацијата дојде дотаму што и претседателот на клубот, Али Коч, мораше да инсистира дека не постојат проблеми во тимот.
„Најголемиот сон на тренерот беше во четврток против Олимпијакос да игра под водство на Месут. Месут пак, сакаше пак да игра во Европа, но се разболе. Тој дојде кај нас да биде лидер на тимот и ќе ги направи Фенербахче шампиони по седум години. Ќе покаже на светот кој е тој“, изјави Коч.
Озил има 9 меча и 3 гола и 1 асистенција за Фенербахче оваа сезона.