Top Sport

Озил со брутален „старт“ над водителот Пирс Морган

Бидејќи Месут Озил одамна не е во тимот на Арсенал, имаше доволно време да влезе во брутална преписка со британскиот новинар и водител и славен навивач на „топчиите“, Пирс Морган за време на мечот со Лидс.

Пред гостувањето на „Еланд роуд“, Озил на Твитер напиша: „Ајде, напред!“ (Let’s goooo). Морган, кој претходно го критикуваше Озил за одбивањето да добие намалена плата за време на корона вирусот веднаш му одговори: „Би сакал (да си одиш) Месут, за твоето добро и доброто на Арсенал“.

Озил не остана покус: „Пирс, дали тоа беше ти, или твојот телефон беше хакиран?“, беше бруталното враќање.

Морган беше уредник на весникот „Дејли мирор“ во 2011 година, кога се случи еден од најголемите скандали во британското новинарство, кога вработени во весникот и во другите весници на Руперт Мурдок беа обвинети дека хакирале телефони на повеќе славни личности во државата.

Но, Морган не остана без зборови.

„Прв лизгачки старт кој го направи оваа сезона, браво! Морам да кажам Месут Озил дека ти се восхитувам на нервите кои ги имаш да ги тролаш навивачите на Арсенал кои ја плаќаат твојата плата од 350.000 фунти неделно да седиш на задникот и да не правиш ништо. Обиди се да тренираш колку што труд ставаш во тоа да се правиш паметен“, одговори Морган.

Scroll to Top