Фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше за едно место на на ранг листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Македонија во однос на претходното рангирање „падна“ за една позиција и сега се наоѓа на 74.место.
Од репрезентациите од поранешна Југославија најдобро котира Хрватска (15), па следуваат Србија (34), Босна и Херцеговина (41), Црна Гора (44), Словенија (63), Косово (177).
Инаку најдобрите десет во светот ги задржаа позициите од претходното рангирање, прва е Германија а потоа следуваат, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција, Чиле.