Top Sport

Падерборн ја зголеми кризата кај Ајнтрахт (видео)

Последнопласираниот тим во Бундеслигата, Падерборн со 2:1 го совлада тимот на Ајнтрахт Франкфурт, продолжувајќи ја лошата низа на „орлите“, кои немаат победа шест меча во низа.

Абделхамид Сабири во 9. и Бастијан Шенлау во 41. минута од мечот стрелаа за новиот бундеслигаш, а гостите успеаја само да намалат на 2:1 преку Бас Дост во 79. минута од мечот, зголемувајќи го притисокот на тренерот Ади Хитер по шпекулациите дека Нико Ковач може да се врати во Франкфурт.

Франкфурт се на 13. место на табелата со 18 поени, само три над зоната за испаѓање, додека Падерборн остануваат последни со 12 поени, два помалку од претпоследниот Вердер.

Претходно, Фортуна Диселдорф со 2:1 го совлада тимот на Унион Берлин за да „скокне“ на 16. место со 15 поени.

Scroll to Top