Top Sport

Падна договор, Ибрахимовиќ ќе остане во Милан

Златан Ибрахимовиќ и во наредната сезона ќе го предводи нападот на Милан. Ветеранот и клубот постигнале договор околу платата и се очекува наскоро фудбалерот да го потпише договорот.

Ибрахимовиќ договорил годишна плата од 6.000.000 евра, а преку бонусите ќе може да заработи уште 1.000.000 евра.

Поранешниот шведски репрезентативец во јануари се врати во Милан. Тој одигра 18 натпревари на кои постигна 10 голови.

За Ибрахимовиќ ова е втор мандат во клубот од „Сан Сиро“. Претходно играше за Милан во сезоната 2010/2011. Тоа е последната сезона во која Милан ја освои титулата во Серија А.

Scroll to Top