Гонзало Игуаин ќе се пресели во Милан, откако неговиот сегашен клуб Јувентус го договорил сите услови под кои Аргентинецот ќе се пресели на „Сан Сиро“.
Јувентус ќе му го отстапи Игуаин на Милан оваа сезона, а клубот од Милано тоа ќе го чини 18 милиони евра. По завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за 36 милиони евра, објави „Скај спорт“.
Според истиот извор, потврда на трансферот се очекува во текот на денот, како и потврда на трансферите на Матија Калдара од Јувентус во Милан и Леонардо Бонучи од Милан во Јувентус.
Бонучи по една година ќе се врати во Јувентус, а Милан ќе добие перспективен централен дефанзивец и напаѓач што може да постигне и повеќе од 20 гола во сезоната.