Top Sport

„Паѓаат глави“ во Рома, отказ и за Мончи

Верижна реакција предизвика елиминацијата на Рома од Лигата на шампионите. Отказ најпрвин доби тренерот Еузебио Ди Франческо, а истата судбина го снајде и спортскиот директор Рамон Мончи.

Еден од најценетите фудбалски функционери во Европа, човек што правеше чуда со Севилја, целосно ја загубил довербата на претседателот Џејмс Палота, а не ги избегна ниту жестоките критики од страна на навивачите.

Мончи имаше договор до 2021 година, но договорил спогодбен раскин на истиот. Рома ќе од предвремениот раскин на договорот ќе инкасира 1,5 милиони евра.

Обесштетувањето ќе го плати Арсенал, каде веќе бил подготвен договор за Шпанецот.

Како потенцијални наследници на Мончи фигурираа Валтер Сабатини, Карло Ости и Луис Кампос.

Scroll to Top