Претседателот на Олимпик Лион Жан-Мишел Ола има интересен предлог како да се стави крај на сезоната во Франција. Поради коронавирусот Лига 1 е суспендираната на неодредено време, а не е јасно дали воопшто и ќе продолжи.
Ола смета дека првенството треба да биде прекинато без да биде прогласен шампион.
„Најдобро е да решиме дека ова е „празна сезона“. Титулата не треба да се додели, а местат за европските купови треба да им се доделат на тимовите што играа оваа сезона“, рекол Ола.
Јасно е дека ова најмногу би му одговарало токму на Лион бидејќи по 28 кола тимот се наоѓа на седмото место на табелата.
По изјавата на Ола ведаш се огласил играчот на Марсеј Дмитир Паје.
„Дали тој навистина е сериозен? Пукнат е! Веднаш треба да му измерите му ја измерите температурата! Каква е состојбата на табелата? По 28 натпревари? Аха.. сега ми е јасно. Добар обид во секој случај“, рекол Паје.
Инаку Марсеј се втори на табелата зад ПСЖ.