Top Sport

Пак обвинувања за „местенка“ на ждрепката за ЛШ

Дел од фудбалските фанови на Твитер се сигурни дека ги дознаа паровите за четврт-финалето на Лигата на шампионите пред утрешната ждрепка во Нион, откако наводно еден директор на УЕФА случајно аплаудирал фотографија на која ги има четирите двојки, пред набргу потоа да ја избрише.

На парчето хартија стои „ждрепка на четврт-финалето“ и го има славното лого, по што следуваат четирите двојки – Манчестер јунајтед – Тотенхем, Ливерпул-Ајакс, Јувентус-Порто и Барселона-Манчестер сити.

Останува на вашата проценка дали се работи за обид да се привлече внимание, но ова не е првпат УЕФА да биде обвинета од навивачите дека ги „мести“ своите ждрепки во европските натпреварувања. Оваа година главната тема на љубителите на заговори е дека УЕФА ќе се обиде да ги држи Јувентус и Барселона на страна до финалето за да имаат дуел помеѓу големите ѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Scroll to Top