Top Sport

Пакета е повреден, пропушта два натпревари

Бразилскиот фудбалер Лукас Пакета поради повреда на бутниот мускул би можел да ги пропушти наредните два натпревари на Милан.

Милан, во саботата, се поразени во градското дерби од Интер (0-2), а Пакета играше во второто полувреме. Токму поради повредата Бразилецот не бил во почетниот состав.

Милан во наредните две кола играат против Торино и Фиорентина.

Италијанските медиуми пишуваат дека дополнителните лекарски прегледи треба да покажат дали Пакет ќе патува со тимот в четврток во Торино и дали ќе биде во конкуренција за неделниот меч против Фиорентина.

Scroll to Top