Пако Алкасер, по две сезони, реши да ја напушти Барселона. Напаѓачот на „Ноу камп“ пристигна во 2016 година како алтернатива за Лео меси и Луис Суарес и најчесто беше на клупата за резерви. Барселона за неговиот трансфер на Валенсија и плати 30 милиони евра.
Очигледно на Алкасер му стана јасно дека никогаш нема да ја добие вистинската шанса во Барселона, поради што и се решил да го напушти клубот, со кој минатата сезона ја освои двојната круна.
„Мундо депортиво“ тврди дека 24-годишниот фудбалер ги договорил сите услови со Борусија Дортмунд. Доколку и клубовите постигнат договор, тогаш вечерва Алкасер ќе отпатува за Дортмунд.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија, за Барселона одиграл 50 натпревари и постигнал 15 гола.