Top Sport

Пакуета: Марко Џампаоло бараше да бидам „помалку Бразилец“

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Лукас Пакуета вели дека во тимот веќе „нема конфузија“ по пристигнувањето на Стефано Пиоли откако претходниот тренер Марко Џампаоло не успеал да им ги пренесе идеите на своите фудбалери.

Пакуета беше во одлична форма во финишот на минатата сезона, но оваа есен не му оди најдобро и тој не штедеше зборови кога беше запрашан да ги спореди Пиоли и Џампаоло.

„Верувам дека со Пиоли тимот е поопуштен. Претходно, некој не беше на потребната позиција, или некој беше на позиција која не му одговара. Ако фудбалер игра на својата позиција, тогаш нормално формата е подобра и тоа се случува сега“, вели Пакуета.

Џампаоло, кој од доаѓањето во Милан најави дека сака да има „интелектуален“ пристап до своите фудбалери, посебно се „судри“ со Пакуета, од кого побарал да биде „помалку Бразилец“ во приодот кон фудбалот.

„Пиоли е многу подиректен и кажува јасно што треба. Кога добивате премногу информации, малку сте збунети, но со Пиоли сè е јасно“, вели 22-годишниот Бразилец.

Репутацијата на Џампаоло е таква што Фабио Кваљарела, ветеранот на Сампдорија изјави во септември дека поранешниот тренер на Сампдорија зборувал со него само пет-шест пати во три години.

Новиот тренер на Милан ветува „интелектуален“ приод кон работата

Scroll to Top