Top Sport

Палас и Вила без притисок направија обложувачки хит – „2 во 1“

Првиот денешен премиерлигашки дуел од 36. коло донесе многу возбудувања и пресврт на резултатот. Иако императивот победа не постоеше пред мечот ниту за домаќинот Кристал Палас, ниту пак за гостинот Астон Вила по 90 минути игра на семафорот стоеше 3-2.

Првото полувреме им припадна на гостите.

Мекгин донесе водство за Вила во 17 минута, а Бентеке израмни во 32.

На полувреме гостинскиот тим отиде со предност од 2-1 благодарение на погодокот на Ел-Гази во 34 минута.
Во вториот дел – пресврт.

Со автоголот на Елмохамади, Палас израмни на 2-2 во 75 минута, а трите бода на контото ги „закачи“ Мичел со голот постигнат во 84 минута.

По 36 одиграни кола во ПЛ, Кристал Палас има 44 поени доволни за 13. позиција, додека Астон Вила останува со 49 на 11. место.

Scroll to Top