Top Sport

Палермо има подготвена замена за Несторовски

Италијанските медиуми се сигурни дека македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе го напушти Палермо. Не се сигурни само дали капитенот ќе замине во јануарскиот преоден рок и по завршувањето на сезоната.

Во Италија се пишува и дека Палермо веќе има подготвена замена за Несторовски. Станува збор за црногорскиот напаѓач Никола Крстовиќ од Зета. Ова момче во април наполни 18 години, а сезоната има постигнато седум гола во 12 натпревари за својот тим.

Несторовски и во минатото се поврзуваше со други екипи, најчесто со Фиорентина, но тој се уште е во Палрмо.

Екипата од Сицилија се наоѓа на второто место во Серија Б, има натпревар и бод помалку од Пескара. Несторовски има постигнато пет гола во досегашните десет настапи за Палермо.

Scroll to Top